Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.04.2017 23:39 - Хафиз Ода 44
Автор: lupcobocvarov Категория: Поезия   
Прочетен: 841 Коментари: 0 Гласове:
1

Последна промяна: 18.04.2017 22:16

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 1
Сношти, додека јас дремливо накај сонот паѓав,
ми дојде таа полусоголена во кошулка од лен,
се огледуваше ко Нарцис, божем стихови ќе раѓа,
а од очите ѝ искреше битка во која јас сум плен,
усните ѝ беа рујно вино но мајтапот ѝ ги гризнал,
дека беше распупена росна роза баш си признав
кога одеднаш таа лекичко в кревет ми се лизна.
2
Полузаспана, ме брецна получујно, со глас чуден,
со мека воздишка помеѓу секој задорлив збор,
“Спиеш ли бе, љубовнику мој стар, или си буден!“
И веднаш за неа се исправив јас цврст како бор,
ѝ го пиев кое и да е вино, не оставав капка фира,
дали вино од меана беше или гроздоберна шира,
беа тоа рајските вина и секако ќе беше многу шубе
ако одбиев вино од неа налиено, светот ќе го грубев
како предавник кон виното и кон таа што ја љубев.
А чистотникот што се буни, во неврат нека зајде,
боговите одредиле тоа вино нам да ни се најде,
тоа е божествен декрет, нема сомнеж ни трошка,
проколнати сме на локање а дадена ни е прошка. 
3

Ах, Хафизу, зар во светов сал твоите грешки беа,
дека покајанието си го ветил а потоа си го згазил;
та кој може, исполнет со вино и при женска смеа,
заробен од страст, такво тешко ветување да пази!
О Гордиев јазлу, исполнет како цвет со опоен мирис,
го силуваш овој покајник што не може да се смири!

Препев од англиската верзија:
https://archive.org/…/o…/odesfromdivanofh00hafiuoft_djvu.txt
******************
Хафиз, 22 препеви за принт, 8 страници А4
http://www.mediafire/file/d6285h3cuu3w6yg/Hafiz_22_prepevi.pdf



Тагове:   хафиз ода 44,


Гласувай:
1


Вълнообразно


Следващ постинг
Предишен постинг

1. redabyss - Звучи красиво и чисто като Солом...
18.04.2017 06:24
Звучи красиво и чисто като Соломоновите песни. :)
цитирай
2. lupcobocvarov - Хафиз, 22 препеви, за принт, 8 страници А4
18.04.2017 22:09
http://www.mediafire/file/d6285h3cuu3w6yg/Hafiz_22_prepevi.pdf
цитирай
Вашето мнение
За да оставите коментар, моля влезте с вашето потребителско име и парола.
Търсене

За този блог
Автор: lupcobocvarov
Категория: Поезия
Прочетен: 562830
Постинги: 749
Коментари: 120
Гласове: 502